Connect with us

Други спортови

ЗА НЕД ДО освои 12 медали

Академијата за боречки спортови и вештини ЗА НЕД ДО освои 12 златни медали на 7. Интернационален и 11. Сегрчки шампионат за боречки вештини и спортови „Мигдониа“ 2018, кој викендот се одржа во Солун. На натпреварите учествуваа над 150 клубови со преку 2.000 натпреварувачи, додека македонскиот тим беше составен од осум натпреварувачи кои се бореа во повеќе дисциплини.

Комплетниот состав на македонската делегација во која беа и членови и родители ја предводеше главниот тренер на Академијата ЗА НЕД ДО трикратниот светски првак во екстремна самоодбрана, Дијана Неделковска.

  • Ние на шампионатот „Мигдониа“ кој за грчките боречки спортови и вештини е буквално најголем настан во текот на годината, настапуваме веќе петти пат. Воедно се одржува и интернационалниот натпревар. И од двата настани Академијата ЗА НЕД ДО години наназад се враќа како најнаградуван претставник на земја членка на Светската федерација за боречки вештини. Победите и 13-те медали беа само потврда дека патеката по која чекориме е исправната, изјави Дијана Неделковска.
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com