Connect with us

Фудбал

За некого 144 милиони се ситница, се подготвува најголемиот трансфер во Премиер лигата?!

И додека повеќето клубови ги чувствуваат ефектите од финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, некои трошат дарежливи суми на пари како ситница. Според угледниот Тајмс, на Островот се договара најголемиот трансфер во историјата на Премиершип „тежок“ 144 милиони евра. Во последните недели во Англија најмногу се зборува за Деклан Рајс, одличен играч од средниот ред на Вест Хем чија вредност расте од натпревар во натпревар.

Рајс се истакнува во дресот на „чеканите“, а Дејвид Мојс знае дека уште долго нема да го има во својот тим, поради што постојано ја крева цената.

„Мислевме дека Рајс ќе чини околу 120 милиони евра. Тоа беше можност да се плати поевтино, сега ќе биде потребна огромна сума пари за да се донесе“, рече Мојс.

Тајмс наведува дека сумата за која Вест Хем е подготвен да го продаде својот најдобар играч е 144 милиони евра, односно 120 милиони фунти. За неговиот потпис се борат Челзи и Манчестер Јунајтед.

Рајс одби да го продолжи договорот кој му истекува летото 2024 година и посочи дека се подготвува да го напушти Вест Хем, но не и Лондон.