Connect with us

Тајмаут

За пет дена заработила 4.500 долари на сајт за возрасни: Шампионка од Вимблдон откри зошто се откажала од тенисот (ФОТО)

Русинката Софија Жук влезе во тенискиот свет на 15 години кога го освои Вимблдон во 2015 година. Беше тениска сензација, и предвидуваа голема иднина, бидејќи никогаш досега не играла на трева. За жал, убавата Софија не направи голема кариера, тенисот го напушти пред да наполни 20 години. Пред неколку месеци повторно стана главна вест. Не поради спортски резултати, туку затоа што отворила профил на мрежата Onlinefans, каде споделува разголени фотографии и заработува многу пари.

Коментарите се различни. Некои ја поддржаа, а некои осудуваа поради тоа што го прави. Интересно, на некои руски портали таа лично им одговори на своите критичари.

Таа во интервју за рускиот портал Sports раскажа зошто го мрази тенисот, како за малку ќе ја изгубила врската со мајка си и како заработувала за вештачки гради и зошто почнала да работи на Onlifans.

– Некои луѓе се уште ме гледаат како тенисерка. Но, ја завршив кариерата во 2019 година. Тенисот е минато. Сега сама водам две фирми, а една ја делам со сопругот Сергеј. Имам компанија за изнајмување автомобили и возен парк, како и салон за убавина. А јас и мојот сопруг имаме заедничка компанија која помага при изработка на документи. Имам сосема поинаков живот – изјавила Софија Жук.

Таа откри и како го започнала профилот на Onlifans.

– Ми стана интересно, искрено, да дознаам колку пари може да се заработат таму, за една недела без никаква разголена перверзна содржина. Нема секс пораки, ништо. Тоа ме заинтригира мене и мојот сопруг. И заработив 4.500 долари за пет дена.

Софија објаснува дека била изненадена.

– Јас не разбирам. Ништо не направив, не ја покажав голотијата. Воопшто ништо. Само во костими за капење, како на Инстаграм. Луѓето плаќаат за тоа, даваат 20 или 30 долари, јас го зголемувам на 100, тие плаќаат. И така испадна дека е 4.500 долари. Не правејќи ништо.