Connect with us

Фудбал

За прв пат во историјата во Серија А, победија без шут кон противнички гол

Италијанскиот тим Специја ќе влезе во историјата на фудбалот како прв тим во Серија А кој победил иако немал ниту еден директен шут кон противнички гол. Тоа се случи на мечот со Наполи, одигран пред два дена, кога победија со 1:0 на гостински терен. Специја славеше на гостувањето кај Наполи, со автоголот на Хуан Жезус. Гостите немаа ниту еден директен удар до крајот на мечот кон голот на Наполи, но сепак натпреварот на крајот заврши со победа на Специја од 1:0.