Други спортови
За само 50 секунди ја нокаутира шампионката која 14 години беше непоразена
Борбата на Алекс Волкановски во УФЦ 232 беше дел од спектакл во кој една од главните улоги ги имаа две дами и тоа досега непоразената шампионка Крис Сајборг и Аманда Нуњез, која на крајот се радуваше на победата.
Ова беше пресметка од перолесна категорија, по која Нуњез стана првата која дојде до шампионски појас во две категории, со оглед што е најдобра и во бантам конкуренцијата. Борбата помеѓу двете Бразилки предизвика огромен интерес, особено што 33-годишната Сајборг речиси 14 години беше без пораз.
Но, три години помладата противничка ја нокаутира за само 50 секунди и тоа со серија страшни удари, кои предизвикаа еуфорија во преполната сала.
За Нуњез ова беше осма победа по ред во УФЦ-серијата, во која сега има скор 17-4.