Фудбал
За само неколку дена заврши на дното, Манчестер Јунајтед го исфрли од тимот, ја стопираше продажбата на неговите дресови
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд ќе се терети за силување и закани за убиство, освен секако за физички напад. Тој плати кауција и ќе се брани на слобода, но неговата фудбалска бајка се чини дека заврши. За само неколку дена го допре дното. Манчестер Јунајтед го исфрли од тимот и ја стопираше продажбата на дресовите со негово име. Воедно неговиот лик е тргнат од фудбалските видео игри.
Сето ова се случува откако во неделата неговата девојка на Инстаграм објави фотографии и аудио снимка, кои покажуваат дека ја претепал.
Полицијата во Манчестер сега потврди дека тој е „дополнително“ натоварен со нови обвинувања за силување и за закана за убиство на неговата девојка, Хериет Робсон.