Фудбал
За се ќе бидат виновни Манчестер Јунајтед и Њукасл, Англичаните стравуваат!?
Натпреварите од 6. коло ставија крај на групната фаза во Лигата на шампионите, но и на една фудбалска ера, со оглед на промената на форматот на елитното клупско европско натпреварување од следната сезона. Познато е дека во иднина наместо 32, во Лигата на шампионите ќе има 36 клуба. Англичаните стравуваат дека би можеле да останат без петти клуб во Лигата на шампионите.
Манчестер Јунајтед и Њукасл го завршија натпреварувањето во Лигата на шампионите. Малку неочекуваната рана елиминација на двата премиерлигаши може да им го ускрати на Англичаните безбедно место во елитниот ранг, бидејќи очигледно само Манчестер Сити и Арсенал од Островот сфатија дека секој бод е важен. Манчестер јунајтед освои само четири бода во групата со Баерн, Копенхаген и Галатасарај, додека Њукасл беше елиминиран со пет бода во „групата на смртта“ во која беа уште Дортмунд, ПСЖ и Милан.
Од следната сезона Лигата на шампионите ќе биде проширена за четири места. Две места ќе им припаднат на земјите со највисок национален коефициент во сезоната или на двете лиги кои ќе бележат најдобри резултати во трите континентални купа во тековната натпреварувачка година. Праксата покажува дека тоа се претежно екипи „лигата на петте најсилни“, а моментално предничат Германците и Италијанците, пред останатите.