SPORTM.mk
За три дена цената му падна за 21 милиони евра, Барселона во подобра позиција
Лаутаро Мартинез постигна договор со Барселона, ама не и Интер. Но, сега делува дека Каталонците се во подобра позиција. Италијанските медиуми потсетуваат дека истекол рокот за активирање на клаузулата за Лаутаро во износ од 111 милиони евра. Сега, наводно таа сума е помала. „Кориере дела Сера“ пренесува дека Интер ќе го пушти за 90 милиони, бидејќи е свесен дека Аргентинецот сака да замине по секоја цена.
Рокот за трансфер на Мартинез во Барселона е 4-ти октомври, кога завршува летниот преоден рок.