Фудбал
За влакно избегнат скандал: Ѕвезда на Рома и судија во клинч, фудбалерите спречија тепачка
Фудбалерите на Рома беа поразени на домашен терен од Наполи, а конечниот резултат гласеше 0:1 за гостинската екипа која со тоа ја задржа лидерската позиција.
Рома се бореше во текот на целиот натпревар, но не успеа да остане непоразена, а на крајот виновникот го бараше во судијата на овој натпревар.
Имено, во Рома не беа задоволни од одлуките кои ги донесе главниот судија на овој натпревар Масимилијано Ирати, а не се плашеа ниту да го покажат тоа.
Се започна од 39. минута кога беше досуден пенал за Наполи. По нешто подолг преглед, казната беше поништена, но не заврши тука.
На сето ова бурно реагираа фудбалерите на Рома, а Мурињо ечеше покрај клупата и бараше жолт картон поради симулирање на играч на Наполи. Желбата не му се исполни.
Сепак, жолтиот картон беше покажан во вториот дел поради слична ситуација и големи протести кон тренерот на Рома, Жозе Мурињо.
Победничкиот гол за Наполи го постигна Осимхен во 81. минута, но Рома очигледно мислела дека тој направил прекршок додека се борел за топка со играч на Рома.
На крајот, Рик Карсдорп ги извади сите негови фрустрации врз судијата по натпреварот. Поради големите протести, Ирати му покажа директен црвен картон, но тоа не беше крајот.
Карсдорп му се втурна во лице на Ирати, а се чинеше дека сака да се пресмета со него, за среќа останатите играчи на Рома брзо реагираа.
Ниту Ирати остана мирен, па потоа тргна кон фудбалерот на Рома, но за среќа се заврши со црвен картон.