Фудбал
Заборавете на Анчелоти: Овој човек по деветти пат ќе биде во финалето на Лигата на шампионите на Вембли

Реал Мадрид стигна до своето 18-то финале во Лигата на шампионите во историјата, додека Карло Анчелоти стана првиот менаџер кој стигнал до шест финалиња во најелитното натпреварување во клупскиот фудбал, но подвигот на еден човек е особено импресивен. Имено, кондициониот тренер на Реал, Антонио Пинтус ќе биде протагонист дури и на деветтото финале од Лигата на шампионите во кариерата. Иако е во сенка и малку познат на пошироката јавност, членот на стручниот штаб на Реал стигна до бројка која во иднина ќе биде речиси невозможно да се надмине.
🚨 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋: Antonio Pintus is in the 9th Champions League final in his career:
• Juventus: 1996, 1997 & 1998
• Monaco: 2004
• Real Madrid: 2016, 2017, 2018, 2022 & 2024 pic.twitter.com/CzxCX0fLQd— Madrid Xtra (@MadridXtra) May 8, 2024