Фудбал
Забранет влезот за српските ракометари на Косово
Членовите на ракометниот клуб Куршумлија беа вратени од административниот премин Мердаре со Косово и Метохија, каде требаше да одиграат натпревар со Мокра Гора.
Фудбалерите и стручниот штаб на српскиот клуб добија документ во кој се наведува дека:
„Спортистите не можат да влезат во Косово и Метохија затоа што се смета за закана за политичката внатрешна безбедност, јавното здравство и меѓународните односи“, пишува Новости онлајн.
Новости додава дека е нејасно на кој начин ракометарите го загрозуваат наведеното и дека не е прв пат на спортистите да им се забранува влез на Косово и Метохија.