Connect with us

Фудбал

Заев: На дресовите мора да стои Северна Македонија, независно од иницијалите на ФФМ

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчките медиуми вели дека на дресовите на фудбалската репрезетација треба да стои дека ја претставуваат репрезентацијата на Северна Македонија.

„Веќе го покренавме прашањето со самата Федерација и ќе го решиме врз основа на Преспанскиот договор, правилата на УЕФА и традицијата, во претстојниот период“, одговорил писмено Заев.

Ваквиот одговор на премиерот следува откако на само неколку часа пред почетокот на Европското првенство, Грција поднесе жалба до УЕФА тврдејќи дека „ФФМ“ не смее да стои на дресот на нашата репрезентација, но и дека е неприфатливо да го користиме кодот „МКД“ на Европското првенство.

„Цела Европа знае дека нашиот национален фудбалски тим ја претставува Северна Македонија на Првенството. Дури и ако Федерацијата не е јавен ентитет, националниот тим е таков ентитет, како што е во сите земји во светот. Оттаму, јасно е и треба да е јасно на сите нивоа и на сите, дека тоа е националниот тим на Северна Македонија, без оглед на иницијалите на Федерацијата на дресот“, напишал Заев, пренесува „Катимерини“.

Министерот за надворешни работи – Бујар Османи, на тоа одговори со објаснување дека ФФМ, затоа што е независна од државата и не добива државни пари, нема обврска да го усогласи името според Преспанскиот договор