Connect with us

Фудбал

Загубија од лидерот во Шпанија, но Столе повторно беше фантастичен на голот (ВИДЕО)

Рајо Валјекано синоќа на домашен терен загуби со 2:1 од изненадувањето на сезоната Жирона, која воедно е и лидер во шпанското првенство. Покрај тоа што се поразени, односно прими два гола, македонскиот интернационалец Столе Димитриевски е високо оценет на овој меч со 7 и е меѓу најдобро оценетите на овој меч. Столе имаше неколку фантастични интервенции, а тоа секкао не остана незабележано од медиумите.