Connect with us

Фудбал

Замина од Реал Мадрид и почна да постигнува голови, па изјави: Не го разбирав Зидан, не зборувавме на ист јазик

Лука Јовиќ за 18 месеци во Реал Мадрид постигна само два гола, а по заминувањето на позајмица во Ајнтрахт на два меча постигна три голови. Сепак, логичното прашање на новинарите е што беше проблемот во „кралскиот клуб“.

Секако германските новинари се обидоа да изнудат од Јовиќ споредба на Зидан со тренерот на Ајнтрахт Франкфурт.

-Не би навлегувал во детали. Секако двајцата се феноменални тренери. Веќе кажав дека Зидан е чесен  и феноменален човек. Со сегашниот тренер имам подобра комуникација, бијдеќи двајцата зборуваме англиски. Со Зидан немав добра комуникација, бидејќи тој не зборува англиски, а јас не знам шпански, изјави Јовиќ.