Connect with us

Фудбал

Замина спонзорот Кочо Анѓушев, а по него и тренерот и најдобриот фудбалер

Поради несогласувањата со Општинскот фудбалски сојуз, но и ФФМ, главниот спонзор, бизнисменот Кочо Анѓушев се повлече од ФК Борец. Неколку дена подоцна еден од најдобрите играчи, Хрватот Прелчец го напушти фудбалскиот клуб од Велес и потпиша 18 месечен договор со Работнички. Последните информации велат дека Борец останува и без тренерот Горазд Михајлов.