Фудбал
Заминува од Ливерпул? Фирмино се согласува и на помала плата
Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино летово би можел да премине во Интер, пишува „La Gazeta dello Sport“.
Договорот на Бразилецот со клубот од „Енфилд“ истекува на крајот на сезоната и тој е подготвен дури и да се согласи на намалување на платата, со оглед на тоа што Интер не е подготвен да му обезбеди 10 милиони евра нето годишно.
Претходно се појавија информации дека бразилскиот напаѓач ќе потпише нов договор со англискиот клуб до 2025 или 2026 година.
Триесет и едногодишниот Фирмино оваа сезона одигра 13 натпревари во Премиер лигата и постигна седум гола со три асистенции.
🚨 Inter have made Liverpool striker Roberto Firmino their top priority to replace Chelsea-owned Romelu Lukaku in the summer.
(Source: Gazzetta dello Sport) pic.twitter.com/jHsJRtvxkP
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 27, 2023
Искусниот напаѓач дојде во Ливерпул од Хофенхајм во 2015 година, а професионалната кариера ја започна во Фигуеренсе.