Фудбал
Замрзнат целиот имот на Абрамович, опишан како „про-Кремљ олигарх“
Откако му ја суспендираа визата и откако го протераа од земјата, сега владата на Велика Британија воведе санкции за сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович.
Рускиот милијардер е еден од седумте руски олигарси чии имоти се замрзнати.
Во документот на Министерството за финансии на објавени на интернет, Абрамович е опишан како „про-Кремљ олигарх“ кој има блиски асоцијации со рускиот претседател Владимир Путин.
Абрамович претходно негираше дека има блиски финансиски врски со Путин или Кремљ.