Connect with us

Фудбал

Заниоло: Мислев дека им се оддолжив на навивачите

Вистинска сапуница се разви во врската помеѓу Рома и до неодамна нејзиниот омилен „син“ Николо Заниоло. Сега рововите се длабоко ископани, тимот не смета на играчот, а играчот го напушти Рим по заканите кои му беа упатени. Сепак, тој се обрати до јавноста преку писмо.

„Многу работи беа кажани и напишани минатата недела, кои не се точни. Кога дојдов во Рома како нестабилен играч, навивачите ме дочекаа како свој. Ми даваа самодоверба, храброст и внимание во тешки и мрачни моменти при повредата. Во Тирана, со таа цел, мислев дека им се оддолжив, создавајќи незаборавен момент на голема радост за сите романисти. На 23 години го доживеав она што многу од моите колеги го немаа во текот на целата своја кариера. Подеми, падови, враќање, победи. Сепак, последните месеци беа деликатни за мене, бидејќи ми беше тешко да разберам каква би можела да биде мојата професионална иднина. Како и да е, секогаш работев напорно на тренинзите со непобитен професионализам“, напиша Заниоло .

Договорот на Заниоло истекува на крајот на годината. Сам одби да потпише нов, па започна операција за трансфер, за да може Рома да добие пари за него. Самиот играч сакаше да замине во Милан, но Рома ја прифати понудата на Бурнемаут, која беше многу подобра. Сепак, играчот не сакаше да замине во Бурнмаут, туку во Милан, па не се ни појави на преговорите со премиерлигашот. Жозе Мурињо рече дека играчот „за жал останува“, а потоа му се заканувале надвор пред неговиот дом.

„За прв пат се плашев за себе и за моето семејство и се почувствував напуштено. Тоа никогаш не ми се случило и бев преплашен. Иднината е во мои раце и сега сум целосно одвоен од Рома“.