Connect with us

Кошарка

Заради ова што му го рече на судијата Никола Јокиќ беше исклучен, по мечот порача-Среќа што мечот не се играше во Србија (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ вечерва беше исклучен на натпреварот со Денвер против Чикаго, во кој Нагетс победија со резултат 114:106.

Јокиќ заработи исклучување поради пцуењето кон судијата Муса Дагер, кој откри што му рекол Јокиќ по мечот. „Свири фаул, кретен“, ги пренесе Дагер зборовите и пцовките на Јокиќ, поради што тој беше исклучен од игра.

Кошаркарот на Денвер не сакаше конкретно да ја коментира оваа ситуација бидејќи, како што вели, си ги сака своите пари, а интересно е што истакна и дека е среќен што овој натпревар не се одиграл во Србија.

„Тоа е тоа што е. Среќен сум што не го игравме овој натпревар во Србија. Ќе беше многу забавно да се види како ќе заврши. Понекогаш тоа што го кажав не се казнува ниту со техничка грешка. Ја поминав границата, но понекогаш тој збор не значи преминување. Така е. Јас си ги сакам парите, па нема да коментирам“, рече Јокиќ, алудирајќи на тоа дека и тој може да биде казнет ако зборува многу за судиите. Споменатата ситуација се случи на крајот од првото полувреме, а Денвер и без Јокиќ во продолжението стигна до вреден триумф на гостински терен. Денвер сега е четврти во западната конференција во НБА со скор од 16 победи и 9 порази.