Connect with us

Фудбал

Зарем има и вакви луѓе: Некој идиот од трибини го гаѓаше Ериксен

По цели 287 денови, Кристијан Ериксен повторно го облече дресот на репрезентацијата и се врати во голем стил – со гол против Холандија.

Одличниот фудбалер на Данска, го постигна вториот гол за неговата репрезентација, во поразот со 4:2 во Амстердам.

„Ментално сум истиот играч како и порано. Се уште имам квалитет и тоа го знам. Среќен сум што се вратив со гол“, порача по мечот Ериксен.

Меѓутоа, за приказната да биде валкана, додека Ериксен даваше интервју, некој идиот од публиката го гаѓаше Ериксен со некој предмет, што мора да се признае е навистина грд потег.