Тајмаут
Застрелана во глава пред очите на нејзиниот сопруг: Супер згодната жена на фудбалерот убиена пред илјадници присутни
Сопругата на еден од најпопуларните играчи во Парагвај е убиена.
Згодната Кристина Вита Арнада (29) била на концерт во Сан Бернандино кога била застрелана во главата и починала на пат кон болница.
Арнада е сопруга на фудбалерот Иван Торес кој настапува за Олимпија од Асунсион. Според пишувањата на локалните медиуми, тој исто така бил на концертот, но успеал да побегне неповреден.
Откако Арнада беше погодена во главата, Торес прв ја подигнал и ја однел во болница каде била констатирана смрт.
Desde el Ministerio de Salud confirman que falleció Cristina Aranda. pic.twitter.com/3VjzCDWeZQ
— Cynthia Arza (@Cyn_Arza1) January 31, 2022
Покрај супер згодната манекенка, повредени се уште пет лица, а концертот одржан во амфитеатарот веднаш бил прекинат.
Еден маж починал на лице место, додека четири лица се пренесени во болница и нивната состојба засега е стабилна.
View this post on Instagram
Полицијата истражува, а локалните медиуми не ја негираат можноста дека се работи за намерен напад кој за жал завршил трагично.
View this post on Instagram
Арнада зад себе остави три малолетни деца. Некогаш била манекенка, а последниве години била ангажирана и како финтеси тренер.