Кошарка
Заврши премиерната 3х3 лига на Македонија
Со одигрување на последниот турнир од шесте ширум Македонија, викендот во Скопје беше затворено првото издание од 3х3 лигата.
Покрај 12 екипи во машка конкуренција за првпат се одржа и турнир во женска конкуренција на кој учество земаа осум екипи.
Шампионскиот трофеј и наградата од 2.000 евра кај мажите ја освои Баду кои во финалето ја совладаа Кантина на која и припаднаа 1.000 евра.
Во женска конкуренција првото место го освоија Гост Болерс.
На манифестацијата се одржаа натпревари и во шутирање на тројки, како и во забивање, а неизоставен дел од 3х3 турнирите станаа и кошаркарите и кошаркарките од Специјалната Олимпијада на Македонија кои настапија двата дена.