Кошарка
Заврши сезоната за Демиен Лилард
Гардата на Портланд Трејл Блејзерс, Демиен Лилард нема да игра до крајот на сезоната 2021/22, соопшти клубот на Националната кошаркарска асоцијација.
31-годишниот Лилард, шесткратен ол-стар играч, сè уште се опоравува од операцијата на стомакот и додека рехабилитацијата е на добар пат, тој не може да биде подготвен за игра во скоро време.
Оваа сезона Лилард одигра 29 натпревари, забележувајќи 24 поени и 7,3 асистенции по натпревар. Од почетокот на сезоната, сепак, има проблеми со стомачните мускули.
Портланд заврши на 12. место во Западната конференција на НБА со 27 победи и 44 порази на преостанатите 11 натпревари до крајот на сезоната, а „пионерите“ имаат само теоретски шанси за учество во плеј-офот.
Dame Lillard injury update: https://t.co/kOy7Wz7Sug
— Portland Trail Blazers (@trailblazers) March 21, 2022