Connect with us

Фудбал

Завршува сапуницата, Салах потпишува историски договор

Мохамед Салах игра во неверојатна форма, но во последните месеци се поставува прашањето каква е неговата судбина на „Енфилд“.

Сопствениците на „црвените“ не сакале да му ја зголемат платата на Египќанецот, но се чини дека дошле во ќорсокак и Салах наскоро би можел да потпише нов договор со кој ќе стане најплатениот играч во историјата на клубот и еден од најплатените во фудбалскиот свет.


Салах има договор со Ливерпул до 2023 година, а според новиот треба да заработува околу 400.000 фунти неделно, сума која ја побарал неговиот агент Реми Абас.

Така, водечката структура на тимот од „Енфилд“ ќе биде пред свршен чин. Навивачите стануваат се погласни, бараат на Салах да му се понуди нов и поголем договор.

Инаку, Салах постигна 12 гола и забележа четири асистенции на 11 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.