Connect with us

Фудбал

Зелените соколи поставија рекорд откако ја фрлија првата голема „бомба“ на Светското првенство

Саудиска Арабија постави нов рекорд откако ја совлада Аргентина со 2-1 во воведниот натпревар од групата Ц на Светското првенство во Катар. Зелените соколи станаа првата азиска нација која постигнала повеќе од еден гол против Аргентина во историјата на Светските првенства.

Овој успех секако ќе остане запишан во фудбалската историја на арапската земја, која не се прославува со исклучителни успеси во учеството во светските финалиња.

По оваа победа, Саудиска Арабија продолжува на следниот натпревар со надеж дека ќе излезе од својата група, во која се уште селекциите на Полска и Мексико.