Други спортови
Зема апчиња од својот тим, а потоа се крена, Ѓоковиќ видно изнервиран се развика (ВИДЕО)
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Карлос Алкараз по пресвртот во финалето на Синсинати со резултат 2:1, по сетови 5:7, 7:6 (7), 7:6 (4). Ова без сомнение беше финале на годината, секако заедно со она што овие двајца тенисери го играа во Лондон, поточно на Вимблдон. Покрај нереалната ментална сила што уште еднаш ја покажа Новак Ѓоковиќ, секого го привлече вниманието и на еден детал кога побара специјални таблети од својот тим. Откако ги зеде, следеше опоравување, а со тоа и подобра игра и титула!
Au kako se iznervirao pic.twitter.com/fbf73oRdBm
— sportsscandals (@sportsscandals1) August 20, 2023
А, што зема Ѓоковиќ. Тоа е креатин, што секако се слуша и од видеото кога видно изнервиран вика.
Што е креатин?
Креатинот е супстанца која природно ја произведува нашето тело како извор на енергија за мускулите и се синтетизира во црниот дроб, но и во панкреасот и бубрезите. Креатинот се формира во телото од аминокиселините Аргинин, Метионин и Глицин и произведува хемиска енергија – АТП (аденозин трифосфат).