Connect with us

Тајмаут

Земјоделец во Аргентина го исцрта ликот на Меси на нива (ФОТО)

Лицето на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прикажано во поле со пченка посеано со посебен алгоритам за сеење во Лос Кондорес, на периферијата на Кордоба, Аргентина.

Лионел Меси е овековечен во Аргентина во почести, од тетоважи до мурали, откако ја предводеше репрезентацијата до победа на Светското првенство.

Сега неговото лице може да се види од небото – на специјално дизајнирано поле со пченка, пренесува Ројтерс.