Connect with us

Тајмаут

„Железниот“ Мајк Тајсон се патосираше (ВИДЕО)

„Железниот“ Мајк победи многу великани во рингот. Тој има 75,86% нокаут процент во текот на неговата професионална кариера. Од вкупно 58 борби, 44 завршиле со нокаут.

Но, пред неколку дена славниот Мајк Тајсон доживеа пораз – и тоа од скејтборд! Поранешниот шампион во тешка категорија објави видео на своите социјални мрежи на кое скока на скејтборд, а потоа паѓа на грб, за време на гостувањето во подкастот што го води Тони Хок наречен „Хотбоксин со Мајк Тајсон“.

Откако скокнал на даската, Мајк почнал да паѓа наназад. На прв поглед се чинеше дека може сериозно да се повреди, но падот му го ублажи кожната фотелја, на која беше потпрен поранешниот боксерски шампион.

– Среќа што таа фотелја беше таму. Во спротивно, повторно би се исплашил, како кога паднав од ховербордот – напиша Тајсон во потписот на своето видео на социјалните мрежи.