Connect with us

Фудбал

Жерар Пике долго ќе памети што му се случи синоќа во Лас Вегас

Жерар Пике го одигра второто полувреме во победата на Барселона од 1-0 над големиот ривал Реал Мадрид.

Искусниот дефанзивец во последните неколку недели е во центарот на вниманието на светската јавност поради бурниот развод со познатата пејачка Шакира, а поради тоа беше и на мета на обожавателите во Лас Вегас.

Секогаш кога Пике ја добиваше топката, имаше огромни свирежи од публиката. Од трибините се слушаа извици „Шакира, Шакира“, а на овој начин навивачите на Реал се обидоа да го испровоцираат противничкиот фудбалер.

Во текот на кариерата, Пике играше на многу „жешки“ терени. Сигурно не очекуваше дека ќе биде исвиркан со извици од трибините во Лас Вегас, а прашање е што е следно за него во Шпанија.

Претходните години често беше мета поради сопругата Шакира. Таа беше навредувана од трибините, најмногу од навивачите на Еспањол, за што овој клуб беше казнет и од Ла Лига.

Сега влијанието врз искусниот стопер ќе биде уште посилно и сигурно ќе има голема нервоза во новата сезона.

Да потсетиме, Пике и Шакира се разделија по 12 години врска и заеднички живот и сега разговараат за иднината на нивните два сина.

И двајцата сакаат старателство над децата и многу е можно се да заврши на суд.