Фудбал
Жесток удар за Аргентинците, омилениот соиграч на Меси ги пропушта Холанѓаните?!
Лоши вести попладнево пристигнуваат од Аргентина – Родриго Де Пол денеска тренираше одвоено од тимот и е голем знак прашалник за дуелот со Холандија.
Голем број сигурни извори денеска потврдија дека Де Пол е повреден и дека има големи шанси да го пропушти четврт-финалето отколку да биде во составот.
Во ерата на Лионел Скалони како тренер, Де Пол е буквално вториот најважен играч по Лионел Меси и ова ќе биде голем удар за „гаучосите“.
Де Пол одигра лошо против Саудиска Арабија, додуша како и останатите соиграчи, но оттогаш значително ја подобри формата и беше одличен против Полјаците и Австралијците.
Доколку не е подготвен, големи се шансите триото од средниот ред да го сочинуваат Леандро Паредес, Енцо Фернандес и Мекалистер.
Натпреварот Холандија – Аргентина е закажан за петок од 20 часот.