Connect with us

Тајмаут

Жестока расправија меѓу Мауро и Ванда на паркингот: „Сите гледаа во нив“

Животите на аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди и неговата избраничка Ванда Нара лесно може да завршат на ТВ екраните како многу гледана сапуница.

Изминатиот период за славната двојка беше во многу турбулентен преид, а се зборуваше дури и за нивен развод.

Мауро и Ванда имале жестоки конфликти дури и пред други луѓе, а L’Equipe открива дека пред сите случувања во неговиот приватен живот дошло до жестока вербална пресметка на паркингот на тренинг центарот на ПСЖ.

„Пред целата приказна за нивните проблеми да излезе во јавност, Икарди се расправал со Ванда во автомобил паркиран во тренинг центарот. Го донеле синот на тренинг, а потоа избила расправија. Сите гледале во нив“, пишува L’Equipe. и продолжува:

„Икарди предизвика многу немири меѓу соиграчите, а клубот му даде три слободни дена за да реши се со Ванда.“

По оваа пресметка дојде до експлозија на социјалните мрежи. Развод побарала и Ванда, но ситуацијата на крајот се смирила и славниот пар уште еднаш јавно ја покажува љубовта со бројни фотографии.

Овој угледен весник наведува и дека атмосферата во соблекувалната на ПСЖ не е баш идеална и дека во тимот има бројни кланови и поделби.

Засега, тоа не влијае премногу на игрите. ПСЖ лесно се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампионите, и е убедливо прв на табелата во Лига 1.