Connect with us

Фудбал

Жестока расправија помеѓу Алегри и Мората: Замолчи!!! (ВИДЕО)

Јуве конечно победи, против Џенова 2:0 и може да здивне по не толку добрата сезона, иако има уште многу незавршени работи во клубот, а тренерот Макс Алегри има најмногу работа, додека членовите на управниот одбор се соочуваат со остри обвинувања за незаконски дејствија при трансфери во последните две години.

Во Јувентус не цветаат рози како претходните сезони, па во 72. минута Алваро Мората, кој беше заменет со Мојзес Кин, влезе во жестока расправија со Алегри.

Алегри го критикуваше по добиениот жолт картон, Мората се одбрани: „Ама што направив, што можев?“.

На крајот Алегри му рекол да замолчи, а тие со чудење ја гледале оваа сцена од клупата на Јувентус.

-Не сакав да го сменам, но тој доби жолт картон и продолжи да протестира. Жал ми е, играше добро технички, иако не постигна голови. Вистина е дека сите момци беа добри вечерва, изјави Алегри по мечот.