Поврзи се со нас

Фудбал

ЖФК „Каменица Саса” го запоседна врвот во Првата женска фудбалска лига

Македонска Каменица, 8 ноември 2020 (МИА) – Женскиот фудбалски клуб „Каменица Саса“ го презеде врвот на табелата во Првата лига, откако на градскиот стадион во Македонска Каменица, во дербито на 11. коло славеше над ЖФК ,,Скопје”. Победата на актуелниот шампион и ја донесоа Ана Димитровска, Марјана Нацева Ману и Пале Николовска.

Од стручниот штаб по натпреварот истакнаа дека со одлична и колективна игра, освоени се значајни три бода.

– Успеавме да постигнеме три гола и да создадеме уште неколку шанси во кои гостинската голманка добро реагираше и спречи поголема резултатска разлика. Во одбрана изигравме доста стабилно со што не дозволивме гостите да создадат чисти шанси пред нашиот гол. На гостинската екипа им посакуваме многу успеси во иднина, изјави стратегот на каменичката екипа, Зоран Златковски.

Со новите бодови, каменичанки се на врвот на табелата со 30 бода, пред второпласираните ЖФК „Ас Јунајтед“ од Струга со 28 бода.

Како минатогодишен шампион, каменичанки минатата среда го има првиот историски настап во Лигата на шампиони. Во натпреварот одигран во Софија, фудбалерките на ЖФК „Каменица Саса“ го завршија својот настап во најелитното натпреварување со пораз од домашната екипа на НСА „Софија” со 3:1. вс/сп/

loading...

Facebook