Connect with us

Фудбал

Жирона за 10-тина минути ја шокираше и нокаутираше Барселона, Реал Мадрид е шампион на Шпанија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Жирона ја совладаа Барселона со резултат 4:2 (1:2) на „Монтилви“ во 34. коло од Ла Лига.

Барселона имаше можност да го одложи славјето на Реал Мадрид. Беа на добар пат да го исполнат тоа, но Жирона направи чудо, а заслуга има Порту. Затоа, Реал Мадрид ја враќа титулата на Бернабеу.

Барселона два пати водеше, прво 0:1, па потоа 1:2, но во вториот дел фантастични десетина минути на Жирона, во кои постигна три голови и ја потопи Барса. Со оваа победа Жирона практично го круниса Реал Мадрид во шампион, кој претходно во текот на денот славеше над Кадиз со 3:0.