Фудбал
Жиру блиску до Милан кој в недела потпишува со две големи ѕвезди
Милан е на прагот да осигура уште едно сериозно засилување откако „росонерите“ влегоа во завршна фаза од преговорите со Челси за трансферот на Оливие Жиру.
Жиру е незадоволен од статусот во Челси и поради тоа сака нов предизвик, а Милан ќе се обиде да го убеди Челси да го овозможи овој трансфер во актуелниот преоден рок.
Според дел од шпекулациите во европските медиуми, челниците на „росонерите“ неделава треба да го комплетираат и трансферот на Оливие Жиру од Челси. Милан е подготвен да плати минимално обештетување за да го доведе искусниот Французин на „Сан Сиро“.
Челси начелно се согласува на разделба од Французинот, но актуелниот европски првак сигурно ќе бара извесна отштета за транферот да може да се комплетира. Италијанските медиуми информираат дека преговорите се во завршна фаза, а Милан ќе плати онолку колку што Челси бара, се со цел што поскоро да го осигура потписот на овој напаѓач, кој во нападот би играл крај Златан Ибрахимовиќ.