Connect with us

Фудбал

Жиру го урна проклетството на Милан за „деветката“

Оливие Жиру е најдобриот стрелец на Милан во досегашниот тек од сезоната. Французинот досега постигна десет голови во сите натпреварувања. Само на последните две дерби пресметки постигна четири голови, два против Интер (2:1) во Серија А и два против Лацио  (4:0) во Купот на Италија.

Со ова Жиру го урна проклетството на Милан за нивната „деветна“. Имено, по Филипо Инзаги кој со бројот 9 на грбот ги решеташе противничките дресови до 2012-та година, по него ниту еден играч не се прославил.

Пјонтек, Игуаин, Андре Силва, Џанлука Лападула, Луис Адриано, Фернандо Торес, Дестро, Матри, Пато и Марио Манџукиќ го носеа дресот со број 9. Ниту еден од нив не успеа да се покаже како голгетер каков што беше Инзаги.