Connect with us

Фудбал

Жиру и Џеко повторно на мета на истиот клуб

Напаѓачот на Челзи Оливие Жиру би можел во тркот на јануарскиот преоден рок повторно да го промени клубот.

Интересно, францускиот напаѓач и минатиот јануари се одлучи на трансфер, а тогаш дресот на Арсенал го замени со оној на Челзи. Тогаш Челзи се двоумеше помеѓу него и Един Џеко, но на крајот сепак го донесоа Французинот.

Интересно, тие двајца и овој пат се поврзуваат со истиот клуб – Вест Хем. Откако италијанските медиуми вчера ја пренесоа информацијата дека Вест Хем се интересира за Џеко, денеска британскиот „Daily Mirror“ пренесува дека на нивниот радар се наоѓа и Жиру.

Секако, Џеко и Жиру се два многу слични напаѓачи, па не е ни чудно што повторно се поврзуваат со ист клуб, но изгледа дека во овој момент многу пореално е Французинот да го засили Вест Хем со оглед на тоа што Џеко нема причина за да ја напушти Рома каде што е во одлична форма и игра во Лигата на шампионите.

Од друга страна, на Жиру не му оди баш најдобро во Челзи иако често добива шанса за игра, но во досегашниот дел од сезоната се уште не успеа да постигне гол.