Connect with us

Фудбал

Животна приказна: Како дете бил во инвалидска количка, а сега игра за Барселона!

Мартин Брајтвајт со својата животна приказна ја изненади јавноста. Животот на напаѓачот не бил лесен затоа што во неговото детство имал проблеми, но не се откажал од неговите соништа да заигра фудбал за некој гигант.

Во интервју за „Си-Ен-Ен“ тој зборуваше за детството и се присети на лошите спомени, кога дури две години бил во инвалидска количка затоа што имал здравствени проблеми и не можел да се движи.

„Полн сум со сеќавања на тој период затоа беше многу тажен. Гледав како другите деца трчаат, си играат, смеат… Беше многу тешко, чувствував срам, затоа што бев различен“– изјави Брајтвајт.
Упорноста на Мартин Брајтвајт доведе до тоа тој без било какви проблеми да тренира и игра фудбал. А успеа и да заигра за еден од најдобрите клубови во светот.

„Отсекогаш сум сакал да бидам фудбалер, тоа се моите први сеќавања. Само тоа го сакав, никогаш немав план Б. Еден ден го земав син ми од тренинг и ми се јави агентот дека ме бара Барселона“- изјави Брајтвајт и додаде:

„Сокривав додека не бев сигурен дека е вистина. Мојата сопруга почувствува дека нешто не е во ред, затоа што ги криев повиците од неа. Кога тргнав да и кажам за што се работи, се насмеа и ми кажа дека веќе знае.“