Connect with us

Фудбал

Жоао Феликс – Ова е единствениот логичен трансфер, од 130 милиони евра?!

Жоао Феликс по секоја цена сака да го напушти Атлетико Мадрид.

Своето мислење на оваа тема го искажа Џанлука Ди Марцио, познат новинар кој го следи трансфер пазарот и секогаш е во потрага по вистински информации.

Тој тврди дека Атлетико Мадрид нема да прифати голема загуба на неговиот трансфер, а бил платен дури 120 милиони евра, па од неговото заминување очекува најмалку 130-140.

Во оваа насока, Ди Марсио тврди дека Арсенал нема да биде опција, и дека единствен логичен клуб е Пари Сен Жермен.

Тој дури уверува дека Париз е желба на португалскиот напаѓач, а на ПСЖ нема да има ништо против да го доведе, особено ако Лионел Меси не го продолжи договорот кој му истекува на 30 јуни.

ПСЖ сигурно има намера да го продолжи договорот со Меси на уште една година, но Феликс секако останува голема желба, бидејќи прашање е до кога ќе останат Нејмар, па дури и Килијан Мбапе?!

Не треба да заборавиме дека Феликс е во лоши односи со Диего Симеоне, па сите страни ќе бараат да го најдат најдоброто решение.