Фудбал
Зидан бесен на играчите, секогаш има по некој „крт“
Во Мадрид исти проблеми. И порано тренерите ги обвинувале играчите дека има „крт“ во соблекувалната кој ги изнесува информациите. Мурињо го обвинуваше Касиљас дека дава информации на новинарите.
Сега, збеснал Зинедин Зидан.
Имено, тој ги собра играчите на видео линк, сите беа дома, разговорот се однесувал на продолжението на сезоната, плановите на клубови, но и желбите на играчите да останат концентрирани и да тренираат според плановите.
Но, деталите од разговорите излегле во медиумите, па поради тоа збеснал Зидан.
Тој рекол некои работи кои подона ги препознал во медиумите. Дели станува збор за тоа дека Зидан му рекол на Лука Јовиќ да не се грижи и дека Реал смета на него, останува да се види. Токму ова беше главната вест на дел од шпанските медиуми. Дури пренесоа вест дека неговиот менаџер Рамадани им порачал на Наполи дека Реал нема намера да го пушти Лука Јовиќ.