Connect with us

Фудбал

Зидан фаворит за преземање на Бразил

Продолжуваат шпекулациите за тоа кој ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил по разделбата со Тите. Меѓу кандидатите се појави и Зинедин Зидан, кој според „Л’Екип“ е дури и фаворит за функцијата.

Селесао сериозно размислува за следен тренер на тимот да биде странец, а досега се споменуваат имињата на Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти, Маурисио Покетино и Марсело Биелса.

Зидан може да има привилегија да направи исклучително престижен избор – Бразил или Франција. „Петлите“ се уште немаат одлучено дали Дидие Дешамп ќе продолжи да го води тимот или ќе биде заменет од Зизу.

Добитникот на Златната топка од 1998 година соработуваше со некои од бразилските ѕвезди во Реал Мадрид. Станува збор за Винисиус Јуниор, Родриго, Едер Милитао и Касемиро.

Според „Л’Екип“, Зидан логично претпочита да ја преземе Франција, но доколку Дешам остане на чело, со задоволство би ја прифатил понудата на Бразил.