Connect with us

Фудбал

Зидан го игнорираше Меси на „FIFA The Best”

Лионел Меси ја доби наградата „FIFA The Best”. Тој беше избран за најдобар играч во минатата сезона. Сепак, овој момент не беше коментиран од страна на Зинедин Зидан. Тренерот на Реал Мадрид не сакаше да коментира дали триумфот на Аргентинецот бил исправен или не, пред Кристијано Роналдо и Виргил ван Дајк.

„Најдобар? Не го видов тоа на церемонијата, не знаев“, кратко одговори Зидан кога новинарите го прашаа за заслугите на ѕвездата на Барселона за да ја освои оваа награда.

Французинот, исто така, одби да коментира за тековната криза на Барса, по двата разочарувачки неодамнешни настапи, во Дортмунд (0-0) и против Гранада (2-0):

„Можат да изгубат и тие, исто така…, сите. Моите играчи го даваат максимумот, тоа е најважното. Ако изгубите со давање максимум, ништо не се случува. За да победи, треба да дадете сè, секогаш.”