Фудбал
Зидан го отпиша Марсело, Бразилецот доаѓа во Серие А за 10 милиони евра?!
Зинедин Зидан повеќе не смета на услугите на Марсело пренесува шпански „Todo Fichajes“. Одличниот лев бек во јануари ќе треба да замине од главниот град на Шпанија. Според истиот медиум, Марсело за 10 милиони евра, или максимум 12 со бонуси, ќе пристигне во еден од двата клуба од Серие А кои имаат интерес за него.
Станува збор за Јувентус и Интер. Во Торино повторно би соработувал со Роналдо, а од друга страна „Нероаѕурите“ исто така го сакаат во своите редови.
Марсело има 32 години, а во својата кариера играл само за два клуба. Флуминенсе и Реал Мадрид, каде пристигна во 2007-ма година.