Поврзи се со нас

Фудбал

Зидан ја презема одговорноста за поразот од Валенсија

Мадрид, 9 ноември 2020 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по синоќешниот пораз од Валенсија со 4:1, побара да не се критикуваат играчите и целата вина да биде насочена кон него.

– Да, тоа е болен пораз, затоа што навистина добро го почнавме натпреварот. Првиот половина час не беше лош, постигнавме гол. Но, по изедначувачкиот погодок се случи она што се случи. Што се однесува до трите пенали досудени против нас, судијата мора да води сметка за сето ова. Примивме три гола од белата точка и еден автогол. Ова е многу. Јас сум одговорен за ова како тренер, затоа што морам да најдам излез од ситуацијата. Изгледавме одлично, па играта драматично се промени. Ова не ни се случува првпат и не ми се допаѓа, истакна Зидан.

Реал Мадрид по осум натпревари во Ла Лига е на 4. место со 16 бода, четири помалку од лидерот Реал Сосиедад кој е со натпревар повеќе. зс/

loading...

Facebook