Фудбал
Зидан останува тренер на Реал Мадрид
Иако имаше најави за отказ, сепак Зинедин Зидан покрај елиминацијата од третолигашот Алкојано во Купот на Кралот, останува тренер на Реал Мадрид. Угледната шпанска „Марка“ повикувајќи се на свои доверливи извори, тврди дека раководството на клубот смета дека тренерска промена во моментов нема да промени ништо на подобро, напротив може само негативно да влијае. Затоа одлучиле Зидан да остане до крајот на сезоната на клупата, а потоа да се разделат.