Фудбал
Зидан веќе долго време имал план: Познато е кој клуб ќе го преземе?
Францускиот стратег, Зинедин Зидан ја изненади фудбалската јавност минатата недела откако реши да замине од Реал Мадрид.
Зидан освоил три титули во Лигата на шампионите со „Кралевите“ и постави рекорд кој тешко дека некој ќе успее да го надмине. Сепак, францускиот стручњак го шокираше претседателот на клубот Флорентино Перес, но исто така и навивачите кога најави дека го напушта клубот.
Од тој момент започнаа разни шпекулации за тоа каде Зидан би можел да ја продолжи својата тренерска кариера. Шпанските медиуми прво тврдеа дека ќе бидат новиот селектор на Франција по Мундијалот, а сега имаа нови шпекулации за тоа дека Зидан ќе оди во Италија.
Наводно, Зидан една година ќе паузира, бидејќи е јасно дека тој бил под голем притисок во Реал. Според медиумите, францускиот стручњак е во контакт со лидерите на Јувентус и веќе организирал да го преземе клубот, во кој има играно, во 2019 година на лето.
Од извори блиски до пријателите на Зидан, Мадридски „AS“, наводно, дознал дека Зидан претходно имал план еден ден да се врати во Торино, бидејќи уживал додека живеел во овој град.