Connect with us

Фудбал

Зидан веќе не е тренер на „кралевите“ – следен е Јувентус?

„Зинедин Зидан реши да го заврши својот тренерски престој во Реал Мадрид. Тој е еден од големите митови на Реал Мадрид и добро знае дека е во срцето на клубот, кој секогаш ќе биде негов дом“, соопшти клубот.

Тоа што синоќа беше најавено, од денеска е и официјално, Реал Мадрид ја потврди разделбата со Зинедин Зидан.

Реал Мадрид потврди дека Зидан одлучил да го напушти клубот.

Зидан, кој го носеше дресот на Реал од 2001 до 2006, се врати на клупата во март 2019, десет месеци откако неочекувано си замина по третото едноподруго освојување на Лигата на шампионите и во продолжението на сезоната го предводеше до 34. шампионска титула. Оваа сезона, клубот остана без трофеј за првпат од 2009/10.