Фудбал
Зинедин Зидан е сигурниот нов тренер на ПСЖ
Зинедин Зидан е сигурниот нов тренер на Пари Сен Жермен, труби во Франција. Според последните информации, легендарниот играч за врска ќе ги преземе Парижаните во јуни, кога Маурисио Покетино ќе биде сменет од функцијата.
Аргентинскиот стручњак не е во многу добри односи со спортскиот директор Леонардо, откако Покетино минатата година се обиде да замине за да го превземе Манчестер Јунајтед.
Веста за Зидан прв ја соопшти новинарот на RMC Sport, Даниел Риоло, кој прв го откри трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ.