Фудбал
Зинедин Зидан ги изненади фудбалерите на Реал Мадрид по победата над Осасуна
Реал Мадрид ја совлада Осасуна вчера со 4:1 во 23. коло од Ла Лига.
„Кралскиот“ клуб остана на првото место со три бода повеќе од Барселона, која славеше против Бетис (2:3). Реал Мадрид губеше од Осасуна со 1:0, но „Кралевите“ направија брилијантен пресврт и стигнаа до убедлива победа.
Зинедин Зидан беше многу задоволен од настапот на своите играчи и реши да ги награди. „Marca“ пренесува дека Зидан ги изненадил своите играчи велејќи им дека имаат два дена одмор.
Тоа ги изненади навивачите откако Реал испадна од Купот на кралот. Како и да е, очигледно е дека Зидан не сака лоша атмосфера во составот, па на играчите им даде два дена за одмор, да се одморат што е можно повеќе пред наредните натпревари во Ла Лига и Лигата на шампиони.
Фудбалерите на Реал Мадрид својот следен тренинг ќе го имаат в среда со почеток во 11 часот, а в недела го играат натпреварот од 24. коло од Ла Лига против Селта Виго на домашен терен.