Connect with us

Фудбал

Зинедин Зидан во изолација, Реал Мадрид без главниот тренер против Осасуна

Реал Мадрид во сабота и гостува на Осасуна, а на клупата на „Кралскиот тим“ нема да седи Зинедин Зидан. Клубот од Мадрид потврди дека тренерот е во изолација, бидејќи имал контакт со лице кое е позитивно на коронавирус.

Зидан неколку дена ќе биде во изолација, нема да патува во Осасуна, а потоа ќе се тестира. Доколку биде негативен ќе му се дозволи да се приклучи на екипата.